Вчера утрото во 05:30 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на 22-годишниот К.Н. од Р.Србија, утврдено било дека српската патна исправа во делот на биометриската страница е целосно фалсификувана. Подоцна лицето приложило и српска лична карта и српска возачка дозвола, кои исто така се фалсификувани. По извршената детална контрола, во неговиот паричник била пронајдена косовска лична карта на негово име. Лицето е приведено за понатамошна постапка.
Истиот ден во 06:20 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од Р.Македонија уапсени се две момчиња. При пасошка контрола на 22-годишниот Е.М. од Р.Aлбанија, било утврдено дека користи туѓа албанска патна исправа, па лицето е приведено за понатамошна постапка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.