Исламска држава стои зад нападот во Ансбах

Агенцијата Амак, официјалното гласило на таканаречената Исламска држава, денеска соопшти дека нападот во близина на музичкиот фестивал во германскиот град Ансбах, во кој беа повредени 15 лица, го извел борец на ИД.-Тој го извел нападот како одговор на повикот на групата за изведување напади во земјите кои ја сочинуваат коалицијата против Исламска држава, соопшти агенцијата Амак, а пренесуваат британските медиуми.
На телефонот на Сириецот Мохамед Д., кој го изврши самоубиствениот терористички напад во Ансбах, пронајдена е видео снимка на која тој изразува лојалност кон лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман.
Тој наведе дека преводот на видео снимката, во која Сириецот зборува арапски, покажал дека тој најавил „напад од одмазда против Германија затоа што таа му застанала на патот на исламот“, пренесоа американските медиуми.
Херман додаде дека од снимката може да се заклучи дека бомбашкиот напад во Ансбах  бил „терористички напад“.
-Мислам дека откако ја видовме оваа снимка веќе нема сомнение дека тоа бил терористички напад со исламистичка заднина, истакна министерот.
Во домот на 27-годишниот Мохамед Д., исто така, се откриени видео снимки во кои е прикажано насилство, како и материјал за правење бомби.
Видео снимките пронајдени на хард дискот на компјутерот на напаѓачот имале „салафистилка содржина“, рече Херман и додаде дека полицијата, исто така, пронашла бензин, хемикалии и друг материјал што може да се искористити за правење бомби.-Тој го извел нападот како одговор на повикот на групата за изведување напади во земјите кои ја сочинуваат коалицијата против Исламска држава, сооп

Пронајдете не на следниве мрежи: