Боледува од псоријаза и моли за помош: „Никогаш не ми било вака, ја имам по целото тело“

Познато е дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан Вест боледува од псоријаза.
Досега успешно успевала да ја сокрие оваа промена на кожата, но сега болеста ѝ напредува.
Оваа хронична кожна болест не е пренослива, но не ѝ се знае вистинскиот причинител. Псоријазата сега ѝ се проширила по целото тело, па Ким на социјалните мрежи побарала помош.
„Мислам дека дојде време да користам лекови за псоријазата. Никогаш не ми било вака и повеќе не успевам да ја сокријам со шминка. Ја имам по целото тело. Дали некој од вас пробал лекови против псоријаза и кој е најдобар? Ми треба помош што побрзо“, напишала Ким на Твитер.


„На десната нога има еден дел каде псоријазата е многу видлива, и престанав да се трудам да ја сокријам. Сега веќе сите знаат дека ја имам, па тогаш зошто да ја кријам“, рекла Ким пред две години и додала:
„После сите овие години, научив да живеам со тоа.“
Болеста ѝ е дијагностицирана во 2010-та година, а ја наследила од мајката Крис Џенер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.