Грег Бурке, портпаролот на Ватикан и неговиот заменик Палома Гарсија Овехеро вчера ненадејно поднесоа оставки, а папата Франциско ги прифати. На Твитер Бурке напиша дека неговиот заменик и тој поднеле оставки кои стапуваат на сила од денес.
– Во време на транзиција во комуникациите на Ватикан, мислиме дека е најдобро светиот отец сосема слободно да стави нов тим, напиша Бурке.
Папата неодамна го смени долгогодишниот уредник на ватиканскиот печат и именуваше директор за сите ватикански изданија. Сега, пак, како времена замена го именуваше членот на ватиканската канцеларија за комуникации, Алесандро Ѓисоти.



