Германската полиција потврдила дека има многу убиени и повредени луѓе во вооружен напад во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен.Засега нема уапсени, наведува полицијата. Специјални полициски сили се распоредени во и околу трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен.
-Пукотницата започнала во ресторан за брза храна и засега е непознато дали нападот го извршило едно лице или неколкумина, изјавил Томас Бауман, портпарол на полицијата во Минхен.
Запрено е движењето на возовите во метрото, трамваите и автобусите.
Весникот „Минхенер абендцајтунг“ објави дека во инцидентот се убиени најмалку 15 луѓе, а според германската телевизија Ен-Те-Фау бројот на жртвите е 10.
Shooting in #Munich shopping mall #OEZ!! People running away to seek shelter!! pic.twitter.com/PB189s6RQy
— Thamina Stoll (@thaminastoll) July 22, 2016
Засега нема уапсени, наведува полицијата. Специјални полициски сили се распоредени во и околу трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен.