Водени од вистинските европски принципи на почитување на уставот и правната држава, понесени од основните постулати и принципи за самоопределување и идентификација на секој народ од повелбата за човекови права при ООН, македонската дијаспора ширум светот , повикува на голем масовен протест пред собранието на Република Македонија, во среда на 9 јануари 2019 година.
Тој ден ќе биде судбоносен за разбирање на минатото и иднината на македонскиот народ и држава. Ден кога нелегитимното собрание и влада ќе ги гласат уставните промени со цел бришење на државата Република Македонија и на македонскиот народ и нација.
Дали мирно ќе ги набљудуваме часовите на политичко самоуништување или националната свест ќе ги надмине анемничните духови? Должност и чест е на секој Македонец, да го даде својот допринос во опстојувањето и заштитата на правниот поредок и држава.
Сите кои се чувствуват како достојни Македонци, време е да го обележиме историскиот ден на револт и промена.
Барања:
1. Распуштање на нелегитимното собрание и влада.
2. Повик до Претседателот Ѓорги Иванов да ја повлече гаранцијата дадена на Заев за формирање влада.
3. Отпочнување преговори во ООН под уставното име Република Македонија.
4. Предвремени парламентарни избори.
Македонија вечна!
Женева, Мелбурн , Торонто,
3 јануари 2019 година.
Координативно тело на македонската дијаспора-Европа, Канада и Австралија