За утре најавени протести пред Собрание, власта се подготвува

Утре, 9 јануари во Собранието започнува третата и последна фаза за измените на Уставот, според Договорот со Грција, за што е потребно двотретинско мнозинство. Наспроти тоа повеќе граѓански здруженија најавуваат протести пред Собранието на Република Македонија во одбрана, на како што велат, македонскиот идентитет и држава.
И Министерството за внатрешни работи не седи со скрстени раце, напротив веќе се подготвува за протестите. Дека просторот околу Собранието ќе се „чисти“ од страна на полицијата потврдува и известувањето испратено до Министерството за транспорт и врски кое се наоѓа во непосредна близина на Собранието.
Имено, вработените од Министерството за транпорт и врски кое се наоѓа зад Собранието, добиле известување утре да не го користат паркинг просторот пред објектот.
-Ве известуваме дека на ден 9 јануари, 2019 година (среда) поради потреба на Министерството за внатрешни работи нема да може да се користи паркинг просторот пред Министерството. Ве молиме за задолжителна примена на Известувањето, стои во тектот на известувањето потпишано од државнот секретар во Министерството за транспорт и врски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.