Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Од превентивни причини воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП “Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.