– Азманов не знае дека разговорот со Боки 13-ка на кој тврди дека му било побарано мито од 50 000е, се водеше на спикерфон пред цела редакција на 1 ТВ и еве сега јавно јас Сашо Ордановски потврдувам дека Азманов лаже, не му беа побарани пари нити станови, ништо од тоа не е точно, туку тој бараше некаква спогодба но Боки ја одби.
Сашо Ордановски во вестите на 1 ТВ на кои гостин беше газдата Боки 13-ка кој кажа дека ќе поднесе тужба за клевета до Зоран Азманов и дека не прифаќа дуел со него, затоа што тој не ја прави емисијата Инсајдер туку новинари и уреднички колегиум, нема што тој да дебатира со него, туку тој ќе може да даде изјава откако ќе се емитува емисијата.
Боки исто така кажа дека фирмата на Чифлиганец кој беше споменат на пресот на Азманов не се рекламира на 1 ТВ нити па некогаш се рекламирала. Toa e добра вест ќе слушнеме и за криминалиите на Адора во догледно време.
Извор: ДОКАЗ