Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер остро го критикува НАТО за демонстрирање агресија и поттикување судир со Русија, објави весникот „Билд“.Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, според Штајнмаер распоредувањето на НАТО силите во близина на границата со Русија е спорен потег, кој не може да донесе поголема безбедност.
– Она што треба да го избегнеме е потпалување на ситуацијата со провокација за конфликт. Секој што смета дека безбедноста може да ја зголеми со симболични паради на тенкови во близина на источните граници – греши, истакна Штајнмаер во интервјуто кое треба да биде објавено утре.
На почетокот од оваа недела НАТО најави испраќање на четири баталјони во Естонија, Летонија, Литванија и Полска со цел да и испрати предупредувачки сигнал на Русија дека стои зад безбедноста на своите членки од источна Европа во пресрет на самитот на Алијансата, што треба да се одржи во Варашава на 8-9 јули.
Во четвртокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Русија сака „да создаде зона на влијание преку воени мерки“ и дека на границите на НАТО, на Арктикот, на Балтикот, од Црното Море до Медитеранот се случува масовна милитаризација.
Пред еден месец германските медиуими објавија информации подготвени од германски воени експерти кои што препорачуваат формирање на „Европска армија“ која од НАТО треба да ја преземе грижата за безбедноста на Европската Унија.
Во друг документ изготвен од германската одбрана, Русија е рангирана меѓу 10 најголеми безбедносни закани за наредните 10 години. И двете информации треба да бидат јавно објавени по референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ.Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, според Штајнмаер распоредувањето на НАТО силите во близина на границата со Русија е спорен потег, кој