Следува период на потопло време

Следува период на променливо облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. По одделни котлини ќе има појава на магла, информира денеска Управата за хидрометеоролошки работи.


За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб, а во среда со умерен интензитет, кога на планините врнежите ќе бидат од снег.
Прогнозите на УХМР покажуваат дека во претстојните неколку дена ќе нема утрински минусни температури и оти максималните дневни ќе достигнат и до 16 степени целзиусови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.