Бидејќи некој смета на кратко паметење и се труди да се „заташкаат“ работите, ПУЛС24 реши да ве потсети на составот на Владата на Бранко Црвенковски од 1992 година. Повозрасните се сеќаваат што се таа Влада направи, а за помладите следните денови ќе ги објавиме „достигнувањата“.
Владата на Македонија од 1992 година е прва политичка влада на Република Македонија, избрана на 4 септември 1992, по изгласувањето на недоверба на првата техничка влада. На нејзино чело е избран Бранко Црвенковски. Оваа влада го доврши мандатот на претходната влада и владее до 20 декември 1994.
Составот на Владата од 1992 година е следниот:
Премиер: Бранко Црвенковски (СДСМ)
Вицепремиери: Стево Црвенковски, Јован Андонов, Беќир Жута (ПДП)
Одбрана: Владо Поповски (СДСМ)
Внатрешни работи: Љубомир Фрчкоски (СДСМ)
Правосудство и управа: Туше Гошев
Надворешни работи: Денко Малески (СДСМ)
Финансии: Џевдет Хајредини (ПДП)
Економија: Петруш Стефанов
Развој: Софија Тодорова
Урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија: Антони Пешев
Земјоделство, шумарство и водостопанство: Ефтим Анчев
Труд и социјална политика: Илијаз Сабриу (ПДП)
Образование и физичка култура: Димитар Бајалџиев (СДСМ)
Наука: Аслан Селмани
Култура: Ѓунер Исмаил
Здравство: Јован Тофовски
Без ресор: Јане Миљовски, Љубе Трпески, Гордана Силјановска, Сервет Авзиу (ПДП)