Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, докторката Милица Ѓурѓиќ наскоро ќе станат родители.
Како што дознава списанието “Глорија“ со вонтелесно оплодување забременила Милица Ѓурѓиќ. Заради бременоста таа веќе неколку месеци не се појавува во јавност во Ана Брнабиќ. Како што изјавиле од Клиничкиот центар Србија, во Центарот за радиологија и магнетна резонанса каде што е вработена, докторката заминала на трудничко боледување.
Премиерката и понатаму се придржува до својот став да не зборува јавно за приватниот живот. Но, од нејзиниот кабинет, сепак, се заблагодариле на честитките упатени до премиерката и нејзината партнерка. Поддржувајќи го ставот на својата претпоставена да не зборува за приватноста од таму не го откриваат полот на бебето.