По паузата, Меланија Трамп повторно во јавност: Сите зборуваат за нејзините чизми

Меланија Трамп отпатувала за Флорида на имотот Мар а Лаго заедно со својот сопруг Доналд Трамп и 12-годишниот син Барон.
За патувањето, првата дама на САД носела модна комбинација во светлокафеава нијанса, а вистинската “ѕвезда” на аутфитот биле прекрасните високи чизми.


Меланија изгледала фантастично во светлокафеавиот капут на брендот Роксанда и прекрасните чизми во истата нијанса на модната куќа Џанвито Рози. Иако едноставни, овие чизми со дебела висока потпетица токму поради својата префинета едноставност и совршениот дизајн лесно се истакнувале во прв план и го одвлекувале целото внимание.


Под елегантниот капут, Меланија носела ролка во истата боја, а целата комбинација ја “разбила” со црвена торба од брендот Ермес, позната и под името “биркинка”.
Во текот на летот од Вашингтон, 48-годишната прва дама се пресоблекла и од авионот излегла во нежна светлосина комбинација, составена од панталони и кошула.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.