Со 1.200.000 евра државата ќе ги обештети осудените во судскиот предмет “Сопот“. Шестемина осудени во следниот период ќе добијат по околу 200 илјади евра.
Откако СЈО во март минатата година се откажа од понатамошно кривично гонење на вчерашната седница Владата одлучи да ги обештети со 5500 денари за секој ден поминат во притвор или затвор.
Истовремено, државата ќе им ги надомести трошоците за судската постапка во висина која ќе ја утврди судот.