Осум причини поради кои треба да го посетите најсреќниот град на светот

Не само што е главен град на најсреќната земја на светот, Копенхаген е и една од дестинациите кои дефинитивно треба подобро да ги запознаете.
Причини за среќа
Со прекрасните пејсажи и канали, Копенхаген е еден од најзелените градови на светот, а освен тоа тука се и Лего коцките и богатата историја. Ова се само дел од причините поради кои Данците се најсреќните луѓе на светот.
Велосипедистите знаат да бидат “агресивни”
Речиси повеќе од половина од вкупната популација на градот се вози со велосипед на работа, а тие се натпреваруваат со автомобилите, не само по бројот туку и по брзината.
Градот изобилува со Мишелин ѕвездички
Данците се прилично неформални, но би било вистинско чудо да успеете да обезбедите резервација во еден од најпознатите ресторани на светот под името “Нома” кој се одликува со две Мишелин ѕвездички, од вкупно 13-те во Копенхаген.


Сите бараат “hygge”
Овој збор е тежок за дефинирање, но добар почеток би можелe да бидат некои од пабовите во Копенхаген бидејќи грубо преведено “hygge” значи удобност и пријатна атмосфера.
Позелен е од повеќето градови
Не само што е најсреќната земја на светот, Данска е воедно и една од најзелените. Копенхаген се наоѓа на чело на оваа “зелена револуција” со своите електрични автобуси и граѓаните кои се едноставно “луди” по рециклирањето. Европската престолнина планира до 2025 година да биде потполно ослободена од сите емисии на јаглерод диоксид.
Тиволи дефинитивно ќе ве развесели
Со своите ролеркостери, пантомимичари и другите забавни содржини, Тиволи е вториот најстар забавен парк на светот кој дефинитивно ќе го израдува секој посетител.
Ова е земја на Лего коцките
Данците се генијални во измислување на работи кои многу гордо ги споделуваат со остатокот од светот, а Лего е сосема сигурно еден од најпознатите изуми на светот и значаен дел од секое детство.
Нема евра
Последните случувања нѝ говорат дека Данците не погрешиле во одлуката да ја задржат сопствената валута – данската круна и да го одбијат еврото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.