Времето во Македонија до петок ќе биде претежно сончево и потопло, но веќе во сабота, како што најави УХМР, се очекува наоблачување со локални врнежи, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.
Од утре до петок утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневните од 5 до 17 степени Целзиусови. Во сабота дневните температури ќе се движат меѓу 3 и 7 степени.