Oставка од директорот на затворот “Шутка“, побара премиерот Заев

По вчерашните два инцидента во дворот на казнената институција, во кои имало повредени притвореници денес премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот “Шутка“, Ѓоко Котевски. Премиерот го осуди самиот чин, и наведе дека без разлика на тоа кој е виновен за инцидентите, тој побарал одговрност од директот. Оставката тој ја очекува најдоцна до понеделник.
Зад ваквата одлука застанала и министерката за правда, Рената Дескоска.
– Случајот заслужува и ќе има истрага. Треба да се види дали и каде е направен пропуст. Мора да има одговорност кој дозволил да има близок контакт меѓу овие две групи, без разлика дали тоа е вообичаена пракса или не. Во конректнава ситуација треба да се прави проценка за одредени ризици, рече министерката Дескоска.
Таа смета дека доколку имало и физички напад и контакт, има простор истрага да поведе и Јавен обвинител, а со случајот може да се занимава и Народниот правобранител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.