Миле Јанакиески почна штрајк со глад

Откако вчера беше нападнат од обвинетите за тероризам во случајот “Диво Насеље“, како што дознава Press24 од свои извори во Истражниот затвор, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески почнал штрајк со глад во затворот во Шутка. Јанакиески утрово ја одбил и посетата на своите најблиски.
Јанакиески и поранешниот министер за образование и труд и социјала, Спиро Ристовски вчера во два одделни инциденти беа нападнати од две лица обвинети во предметот “Диво Насеље“. Заради здобиените повреди Јанакиески беше префрлен во ГОБ “8 Септември“ во Скопје.
Поранешниот министер е притворен под сомнение за организација на настаните во Собранието на 27 април. Јавното обвинителство се уште не ги објавува доказите врз основа на кои, Јанакиески и уште 4 лица се сомничат дека го организирале насилството во Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.