Кандидатот на демократите во трката за претседател на САД, Хилари Клинтон, беше во судир со двете „про-живот“ и „про-избор“ страни за абортусот. Расправата се одржа во неделата, на која таа изјави дека уставните права не се однесуваат на „неродено лице“ или „дете“.„Нероденото лице нема уставни права“, изјави Клинтон во емисијата „Meet the Press“.
„Тоа не значи дека ние не го правиме сето она што веројатно се прави во огромно мнозинство на случаи. Знаете, да им помогне на мајките кои носат дете и сакаат да бидат сигурни дека нивните деца ќе бидат здрави и ќе имаат соодветна медицинска поддршка.“
Описот на фетусот како „човек“ или „дете“, одамна е анатема за „про-избор“ движењето, кое тврди изборот на точно одредена терминологија го намалува чувството на човечност.
Насоките издадени од страна на Меѓународната федерација за планирано родителство е против употребата за користење на термини како што се „абортирање дете“. Наместо тоа, препорачува „поточни/соодветни“ алтернативи, како што се „да се стави крај на бременост“ или „се абортира“.
„Абортирање на детето е медицински неточен термин, бидејќи фетусот сѐ уште не е дете“ – се вели во водичот.
„Прекин на бременоста“ најчесто се користи, но некои луѓе претпочитаат да се избегне и ова, бидејќи може да има негативна конотација (на пример,„терминира или убие“) за некои луѓе.
„Мислам дека постојат три вида на луѓе: оние што веруваат во Бога, оние што не веруваат во бога и оние коишто мислат дека се богови. Хилари Клинтон спаѓа во третиот вид. Таа мисли дека е Бог“ – изјави во една прилика нигерискиот бискуп Емануел Бадејо.
Моќта која Хилари Клинтон би ја добила ако победи на претседателските избори на САД би можела да биде разорувачка за милиони животи на деца кои го чекаат раѓањето, а на кои мајките им се во искушение дали да ги абортираат, односно убијат.
Ваквите случаи на светски моќници кои промовираат смрт, мора да нѐ мотивираат уште повеќе да се избориме против заговорниците на убиства кои таквите чинови ги оправдуваат и ги ословуваат како нормална појава.
„Нероденото лице нема уставни права“, изјави Клинтон во емисијата „Meet the Press“.
„Тоа не значи дека ние не



