Министерката за одбрана на соседна Албанија, Олта Џачка денес ќе престојува во официјална посета на земјава. Освен со нашата министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска Џачка ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. По средбите ќе следуваат изјави за медиумите.


