Авион на авиокомпанијата „Монтенегро ерлајнс“ кој полетал од Подгорица за Париз заради пукнато стакло морал набзо да се врати на аеродромот.
Како што објаснуваат од авиокомпанијата ова не е првпат да се случи вакво нешто. По напукнувањето на стакло во пилотската кабина авионот е вратен на аеродромот. Од таму нагласија дека безбедноста на патниците не била загрозена, а патниците се префрлени во друг авион со кој го продолжиле летот.