Со видеото кое го објавува ТВ“21“, тврдат дека Артан Груби му дал наредба на претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја прекине седницата за имунитетот на Вељановски. На видеото на ТВ“21“, се гледа како Груби му дава знак со рака на Џафери.
На вчерашната прес-конференција Артан Груби демантираше дека му дал знак на Џафери да ја прекине седницата. Тој рече дека знакот кој му го дал на спикерот на Собранието бил за да го прекине говорот на Мицевски и да почне процедура за гласање за имунитетот на Вељаноски.