Песната “Gangnam Style” беше најслушаната песна на Јутјуб со над 3 милијарди прегледи сѐ до појавата на “Despacito” која води со 6 милијарди.
31-годишната корејска поп ѕвезда Псај со својот хит “Gangnam Style” од 2012 година го “зарази” целиот свет и сите го паметат пејачот и неговата кореографија на планетарниот хит кој денес има околу 3 милијарди и 290 милиони прегледи.
Популарниот пејач седум години подоцна драстично го променил својот изглед, а неговата потполна трансформација предизвикала лавина коментари на социјалните мрежи со оглед на тоа што Псај е драстично ослабнат.
“Почни да јадеш, те молам!”, пишувале неговите следбеници кои се загрижени за неговото здравје, но имало и такви кои ја поддржале неговата трансформација, но му порачале да не претерува со истото.
Корејскиот пејач се огласил на социјалните мрежи и на шеговит начин одговорил дека “за час ќе ги врати изгубените килограми”.
А како изгледаше Псај во спотот за песната “Gangnam Style”, погледнете од видеото во продолжение: