Во една сообраќајна незгода загина еден пешак, а во две од вкупно девет сообраќајки две лица се здобиле со лесни телесни повреди. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Полицијата од сообраќај исклучила 44 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, осум пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца почетници. Технички неисправни биле исклучени три возила, осум нерегистрирани, а за непрописно паркирање биле издадени 123 мерки. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 86 возила.
Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, шест возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, двајца возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и еден за непоседување пропишана зимска опрема во возилото. Казнети се и двајца возачи за неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 11 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.