Утринава нешто по 8 часот цистерна со македонски регистарски таблички, слетала од автопатот во близина на Врање.
Како што јавуваат српските медиуми за среќа нема повредени, но автопатот во должина од околу петстотини метри, го обезбедува полицијата заради потенцијална опасност од излевање на течниот гас или експлозија. Едната лента од автопатот е затворена за сообраќај.