Во Македонија денес времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 15 до 22 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне 19 степени, што е за неколку степени повисока од просечната за овој период на годината.