Најмалку 25 централноамерикански мигранти загинаа, а десетици се повредени во Мексико кога камион кој ги пренесувал излетал од патот. Возилото излетало од патот меѓу градовите Сојале и Чикоасена, во јужниот дел на сојузната држава Чиапас, која се граничи со Гватемала.
Главниот обвинител во земјата рекол дека во несреќата најмалку 25 мигранти се загинати, а 29 се повредени. Според информациите од властите, жртвите патувале во бел камион кој тежел околу 3 тони и немал регистарски таблички.
Иако се уште не е позната причината за несреќата од фотографии од местото на несреќата се гледа камионот во бездна и расфрлани тела насекаде наоколу.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.