Теохаропулос утре ќе се сретне со Заев во Скопје

Претседателот на грчката партија “Демократска левица“, Танасис Теохаропулос утре ќе има средба со премиерот на Македонија, Зоран Заев во Скопје, соопштуваат од партијата, а јави дописничката на МИА од Атина.
Теохаропулос во грчкиот Парламент гласаше за ратификација на Договорот од Преспа и беше избришан од Движењето на промена, коалицијата на ПАСОК и Демократска левица, поради различниот став од она на лидерката и мнозинството пратеници на “Движење на промена“.

Пронајдете не на следниве мрежи: