Дарко Лазиќ со бремената вереница и Ана Севиќ со новото момче „за влакно“ не се сретанаа пред влезот на Штарк арена во Белград

Дарко Лазиќ на штаки заедно со бремената свршеница Марина Гагиќ дојдоа на концертот на својот пријател Џани, во белградската Штарк арена. На истиот влез, бившата жена на Лазиќ, иако се уште официјално не се развеле, пејачката Ана Севиќ заедно со нејзиното актуелно момче Даниел Недељковиќ се нашле речиси во исто време.
Недостасувала само една минута, поранешните брачни другари, или се ‘ уште официјални брачни другари, буквално да не се судрат на црвениот килим.


Имено, иако Ана лееше солзи и прилично тешко и емотивно ја доживеа сообраќајната несреќа што на Лазиќ во октомври минатата година, во која само чудо го спаси пејачот да преживее, тој сé уште не најде разбирање, ниту пак двајцата не најдоа компромис за старателство над заедничката ќерка Лорена.


Очигледно, токму затоа Дарко сè уште не сака да ги потпише документи за развод на бракот со Ана, па како во последно време односите им се заладени и нарушени, кој знае како ќе се однесувале и што ќе се случувало доколку поранешните сопружници заедно со нивните сегашни животни придружници имаа блиска средба на влезот на Штарк арена?!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.