Што си рекоа Путин и Обама во телефонскиот разговор за ситуацијата во Сирија?

Претседателот на Русија и државниот лидер на САД, ја коментираа седницата на Меѓународната група за поддршка на Сирија, која се одржа во Минхен на 11-12 февруари.Како што јави ТАСС, Путин и Обама се договориле за интензивирање на дипломатската и други видови соработка, со цел спроведување на договорот за прекин на огнот во Сирија, постигнат во четвртокот во Минхен.
Во разговорот Путин го истакнал значењето на заедничката борба против терозимот, при што не би требало да бидат применувани двојни стандарди.
Во соопштението се нагласува и дека Путин укажал на неопоходноста од побилска соработка „меѓу одбранбените служби на Русија и САД во борбата против т.н. Исламска држава“.
Путин се осврнал и на состојбата во Украина при што изразил надеж дека „Киев ќе преземе практични чекори во спроведувањето на своите обврски од мировниот договор од Минск“, со кој се предвидува прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во реоните на Доњецк и Луганск.
Фото: Thinkstock / Guliver photos

Пронајдете не на следниве мрежи: