Руската авијација изведе удари врз позициите на милитантите во Алепо. Притоа, беа ликвидирани двајца команданти на терористичките формации.Авиони на руската авијација, од 4. до 11. февруари уништија скоро 1.900 терористички објекти при 510 борбени налети, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Терористите ги истиснуваат цивилите од Алепо кон турската граница, обидувајќи се и самите да дезертираат, додека западните телевизии тоа го претставуваат како последица од „варварското“ руско бомбардирање, изјави рускиот генерал Конашенков.
„Работата дојде до тоа снимките од претходно урнатиот сириски град Алепо, уште во времето пред да започнат руските воени операции, да се претставуваат на американските и европски канали како наводни последици од руското бомбардирање. Како се вели, се чувствува раката на искусниот диригент“ – изјавил Конашенков.
„Во активните банди во реонот на Алепо има голем број на дезертирања на милитантите. Терористите го плашат локалното население и ги бркаат луѓето кон турската граница. Фрлајќи го оружјето, милитантите се обидуваат да се вклопат во овие колони, знаејќи дека руската авијација и сириските владини сили никогаш нема да бомбардираат цивили“ – додаде тој.
Руската авијација ликвидираше двајца влијателни терористички команданти во Алепо, додаде Игор Конашенков.
„При изведбата на воздушни удари, авионите на Воздушно-вселенската сила на Русија им нанесоа значајни губитоци на терористите. Во провинцијата Алепо се убиени двајца влијателни команданти“ – рече Конашенков, не наведувајќи го датумот на изведбата на ударот.
Руските авиони уништија и девет камиони со муниција и две единици со оклопна техника во сириска Латакија. Притоа, убиени се повеќе од 40 терористи.
Руски бомбардер Су-34 го уништи центарот на ИД во сириската провинција Дара.Авиони на руската авијација, од 4. до 11. февруари уништија скоро 1.900 терористички објекти при 510 борбени налети, соопшти Министерството за одбр



