Јанко Бачев и Филип Петровски на средби со нашинците во Швајцарија

ДПМНЕ – Демократска фракција, викендов, 23 и 24 март 2019 остварија средби со нашинците во Швајцарија.
На средбите со нашинците беа разменети мислења за актуелната состојба во Македонија како и во однос на претседателските избори, а по интензивните средби и консултации со народот што ќе следат и во Македонија ќе се дефинира конечниот став на ВМРО-ДПМНЕ – Демократска фракција и Единствена Македонија за начинот на дејствувањето во кампањата за претстојните претседателски избори.
Пред присутните зборуваа гостите Јанко Бачев и д-р Филип Петровски, а во име на домаќините се обратија Живко Атанасов и Војне Маневски од Заедницата на македонските друштва во Швајцарија. Во обраќањето, меѓудругото, истакнаа:
-Да и помогнеме на Македонија, да се вклучиме, заедно да расчистиме со националните предавници купени и контролирани од странските газди и кои 30 години лажат, крадат и ја растураат државата. Да ги поништиме опасните закани спрема Републиката, прво, промена на името, и второ, федерализација. На крајот, сплотени и единствени ќе успееме. Ова што го слушате од марионетската власт дека се е готово, заборавете го, тоа е една голема лага оти ништо не е готово, се ќе биде поништено од новата легална власт во Македонија. Остануваме на првата линија во борбата за одбрана на националните
интереси. Под закрилата на оваа идеа никогаш нема да ги изневериме Македонија и Македонците, бидејќи исконски сме поврзани со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за суверена и унитарна Македонија на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право. Своето дејствување и понатаму ќе го темелиме на својата визија за развој на државата во чија основа е одбрана на името, унитарниот карактер на државата, неприфаќање по никоја
цена двојазичност и федерализација на земјата, враќање на изворните Илинденски и Асномски принципи, благосостојба за народот, меѓутоа, ова ќе го оствариме само ако ги надминеме делбите и се обединиме на македонски. Македонскиот народ каде и да живее е силно вознемирен од разнебитувањето на државата од страна на марионетската власт во Скопје, меѓутоа, бидете спокојни, оти новата легална власт произлезена од народот, доаѓа, со што го обезбедуваме опстанокот и просперитетот на Татковината, им порачаа на нашинците во Швајцарија Бачев, Петровски, Атанасов и
Маневски.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.