Џафери: Ако за Законот за јазиците чекавме една година, може и за овие да почекаме да истече мандатот на Иванов

На седницата закажана за утре претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува дека пратениците повторно и без расправа ќе ги изгласаат законите кои претседателот Ѓорге Иванов им ги врати непотпишани, но не со конкретни забелешки за самиот текст, туку со општо образложение дека дал заклетва и ги штити интересите на Република Македонија.
Ако и по второто гласање Иванов не ги потпише, а извесно е дека нема, законите сепак нема да бидат објавени во “Службен весник“ без негов потпис, како што дел од јавноста можеби се надеваше. Наместо тоа, ќе се чека потписот на новиот претседател, изјави Џафери.
– Ако за Законот за употреба на јазиците чекавме една година, може и за овие закони да почекаме да истече мандатот на Иванов, рече Талат Џафери за “Независен весник“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.