„ПАДНА“ ХАКЕР ОД КОСОВО: Албанец праќал лични податоци на американски војници до ИД!

Албанецот од Косово, Ардит Феризи (20), обвинет е за хакирање на лични податоци на повеќе од 1.000 американски функционери и праќање на истите на Исламската држава во Сирија. Тој денеска се појави пред американскиот сојузен суд во Вирџинија.Ова е негово прво официјално појавување во САД од моментот кога минатата година беше уапсен во Малезија и префрлен во Америка.
Феризи, за кого се верува дека е лидер на група хакери од Косово, провалил во компјутерски сервер на една онлајн продавница и украл лични податоци на 1.351 припадници на американската војска, беше наведено во обвинението.
Во кривичната пријава се наведува дека Феризи им го проследил тој список на членовите на Исламската држава, вклучувајќи го британскиот хакер Јунаид Хусеин, кој даде линк за списокот во коментар на Твитер на 11 август минатата година, во кој пишуваше:
„Ново: Хакерската дивизија на Исламската држава ја хакираше војската и владата на САД“.
Феризи е еден од најмалку 79 поединци коишто американските обвинители ги теретат за кривични дела врзани за ИД во последните две години, наведува Ројтерс.
Доколку биде осуден, максималната казна затвор за Феризи би можела да биде 35 години.Ова е негово прво официјално појавување во САД од моментот кога минатата година беше уапсен во Малезија и префрлен во Америка.
Феризи, за к

Пронајдете не на следниве мрежи: