Силни виулици и дебела снежна покривка ги дочека најмалку 30 милиони Американци во почетокот на викендот. Според Американската метеоролошка служба, ова ќе биде најголемата бура во последната деценија.Се очекуваше „Џонас“ да навлезе на територијата на САД вчера од јужните делови. Потоа бавно ќе се насочува кон североисток во текот на денешниот ден, и ќе стигне до Њу Ингланд, соопшти Индипендент.
Метеоролозите предупредуваат, дека не е јасно во кои делови од САД бурата ќе биде најсилна и каде ќе падне најмногу снег.
Она што е познато е дека синоќа над 70.000 луѓе во САД останаа без електрична енергија поради снежното невреме, кое зафати неколку источни реони во земјата.
Прекин на струјата главно имало во државите Северна и Јужна Каролина, Кентаки и Западна Вирџинија.
Вонредна ситуација поради лошите временски услови воведоа гувернерите на државите Вашингтон, Мериленд, Пенсилванија, Џорџија и Нектаки, како и градоначалникот на Вашингтон.
Како последица на снежното невреме, вчера и денеска авиокомпаниите откажаа над 6.000 летови на аеродромите во источниот дел од земјата.
Над половина од откажаните летови се од аеродромите во Филаделфија, Вашингтон, Њујорк, Шарлот и Ралеј.Се очекуваше „Џонас“ да навлезе на територијата на САД вчера од јужните делови. Потоа бавно ќе се насочува кон североисток во текот на



