Мажи во мини здолништа ги поддржаа злоставуваните жени кои беа жртви на мигрантите

Стотици мажи облечени во мини здолништа излегоа на марш низ улиците на Амстердам за да изразат солидарност со жените, кои биле цел на напади од страна на група мигранти за време на новогодишната ноќ во неколку германски, но и европски градови.Организаторите на собирот соопштија дека сакаат да изразат солидарност со жртвите на нападите, бидејќи „многу често вината за сексуалното насилство им се припишува на жените и им се порачува: немојте да носите мини здолништа“.
„Тоа не е решение. Кусите здолништа не се проблем. Затоа ги сменивме улогите и ги славиме мини здолништата и слободата што тие ја носат. Ги откривме нашите машки колена во знак на поддршка на слободното општество“ – наведоа организаторите на маршот на својот профил на Фејсбук. 
Тие нагласуваат дека со собирот сакаат да дадат поддршка за изградба на општества во кои „жените ќе можат и дење и ноќе да одат по улиците во мини здолништа, без некој да ги вознемирува“.Организаторите на собирот соопштија дека сакаат да изразат солидарност со жртвите на нападите, бидејќи „многу често вината за сексуалното нас

Пронајдете не на следниве мрежи: