Мејловите на Хилари Клинтон откриваат ЗОШТО е убиен Моамер Гадафи!

Неодамна откриена електронска пошта на Хилари Клинтон, покажува дека главен повод за интервенцијата во Либија и убиството на Моамер ел Гадафи беше либиски план да се направи валута со златна подлога која би му била конкурент на доларот и еврото, пишува американскиот портал Foreign Policy Journal.Стејт департментот на САД неодамна објави пораки на поранешниот државен секретар на САД и актуелниот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон.
Во нив е откриен степенот на златните резерви на поранешниот лидер на Либија Моамер ел Гадафи. Резервите биле толку големи што можеле да станат основа за создавање на панафриканска валута која би можела да се натпреварува со доларот во регионот, како што е наведено во овие документи.
Големите резерви на нафта и зајакнувањето на француското влијание во Северна Африка се наведуваат како причина за интервенцијата. Сепак, во 2011 година лидерите на западните земји го поздравија соборувањето на режимот на Гадафи како демократски чекор.
„Вие му покажавте на светот дека можете да го соборите диктаторот и да изберете слобода”- зборуваше британскиот премиер Дејвид Камерон, обраќајќи му се на либискиот народ.
„Народот на Либија се спаси од диктаторот. Сега тој има шанса“ – тврдеше американскиот потпретседател Џозеф Бајден.
Во последните неколку години во Либија не престанува хаосот и насилството. Како резултат на тоа, во државата зајакнува ДАЕШ (т.н. Исламска држава), која освојува сѐ повеќе нови територии. Во јануари 2016 година, во терористички напади загинаа десетици луѓе.
Според мислењето на дописникот на весникот „Ерусалим пост“ Ариел Бен Соломон, од самиот почеток е јасно дека интервенцијата во Либија ќе доведе до негативни последици за земјата.
„Писмата на Клинтон ги потврдуваат резултатите од истрагата кои почнаа да се појавуваат по интервенцијата во Либија, која беше организирана од страна на Франција, со поддршка на САД. Големите нафтени резерви на оваа земја беа главната причина за интервенцијата. Диктатори се лидери на многу африкански земји, но Западот не се брза да се меша во внатрешните работи на секој од нив. Администрацијата (на претседателот Барак Обама) од самиот почеток се води со наивни или погрешни претстави за тоа што треба да се направи за да се реши ситуацијата во Либија по војната“ – објаснува политичкиот аналитичар Ариел Бен Соломон.

Пронајдете не на следниве мрежи: