Косопственичка на авиокомпанијата С7 загина во авионска несреќа

Наталија Филева, косопственичка на авиокомпанијата С7 и една од најбогатите жени во Русија загина во авионска несреќа во југозападна Германија, соопшти авиокомпанијата. 55-годишната Филева била во мал авион со шест седишта, кој се урнал при пристапот кон малиот аеродром во градот Егелсбах, јужно од Франкфурт. Германската полиција претходно објави дека во авионот имало три лица  вклучувајќи го и пилотот.
Авионот се урнал вчера додека патувал од Франција во Егелсбах, а причината за несреќата сѐ уште е нејасна, се наведува во соопштението.
Во соопштението на полицијата се вели: “По ударот, авионот е целосно изгорен“. Патниците, најверојатно, ќе бидат идентификувани во текот на неделата. Филева во 2018 од магазинот “Форбс“ беше прогласена за четврта најбогата жена во Русија, а нејзиното богатство се проценува на 600 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.