Руското министерство за одбрана наведе дека германските команданти на воздушните сили се непријатно изненадени откако дознаа дека САД соработува со ИСИС и им помага на милитантите да криумчарат нафта од Сирија и Ирак.Според нивните сведоштва, два „Луфтвафе Торнадо“ авиони со опрема за следење летале три часа над Ирак и Сирија за да собираат информации. За време на летањето идентификувале скоро 12.000 танкери и камиони на ИСИС со украдена нафта кои ги чувале американските и турските воздушни сили.
Според меѓународниот закон, на воздушните сили им е дозволено само да дејствуваат во сирискиот регион, односно во воената зона на Левант, каде што се уништува нафтената структура и танкерите на Исламската држава.
Ирачкиот регион е под заштита на американските воздушни сили кои не водат сметка за крадењето на нафта од страна на ИСИС.
Рускиот претседател Путин претходно ги предупреди западните нации дека САД уценуваат и шпионираат некои светски лидери, а дека меѓу нив се и нивните сојузници.
Иако режимот на Обама и понатаму јасно тврди дека Германија е една од нивните најсилни европски сојузници, има докази дека Америка ги уценува Германците.
Класичен пример за тоа можеше да се забележи откако Германците минатата година изјавија дека ќе ги повлечат своите „Патриот“ ракетни системи од Турција, како и дека ќе ја блокираат продажбата на германски тенкови во Саудиска Арабија. Режимот на Обама тогаш спроведе економски напад без преседан на најголемата автомобилска индустрија во Германија, тврдејќи дека во Америка се продаваат автомобили со грешка.
Имено, САД обвинија неколку германски произведувачи на автомобили дека вградиле опрема во дизел автомобилите која ја попречува работата на опремата за следење на емисијата на штетни гасови.
На крајот се испостави дека европските автомобили емитуваат помалку гасови од американските и тоа само поради тоа што американското биогориво содржи главно пченкарно брашно, додека европското се прави со масло од маслодајна репка.
Германија покажа дека нема да ја толерира оваа уцена од страна на Обама бидејќи германски Фолксваген одби да им даде на САД било каква документација, но и бидејќи Германија одлучи дека ќе ѝ се придружи на Белгија во потполната забрана за продажба на оружје на Саудиска Арабија.
Исто така, се наведува дека германскиот комесар за човекови права, Кристоф Штресер, ја нападна Турција велејќи дека ситуацијата во таа држава драстично е влошена откако Реџеп Тајип Ердоган дојде на власт.
Со оглед на тоа што германските претпријатија сега веќе јавно повикуваат на укинување на санкциите против Русија и бидејќи канцеларката Ангела Меркел се колне дека ќе се заврши изградбата на руско-германскиот цевковод за транспорт на природен гас, се чини дека односите помеѓу Германија и режимот на Обама наскоро ќе се влошат.Според нивните сведоштва, два „Луфтвафе Торнадо“ авиони со опрема за следење летале три часа над Ирак и Сирија за да собираат информаци



