Еден од најпознатите плус-сајз модели на светот неодамна ги рекламираше своите нови костими за капење.
Таа е една од ретките манекенки која не дозволува нејзините фотографии да бидат уредувани и разубавувани во Фотошоп. Покрај тоа што е модел, Искра Лоренс креира и костими за капење за пополни жени кои сама ги рекламира.
Лоренс носи конфекциски број 44 и себеси не се смета за “полна”, туку за поинаква од останатите манекенки во модната индустрија.
Ваквите модели на бикини со воодушевување ги дочекаа многу жени ширум светот бидејќи не сите дами можат да носат минијатурни бикини кои повеќе откриваат отколку што сокриваат.
За многу жени е поважна удобноста во костимите за капење од обичното парадирање по плажа, а моделите на овој плус-сајз модел го нудат токму тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи:



