При напад на училиште во Анјар, град во северниот дел на Сирија, повредени се најмалку 20 луѓе, меѓу кои има деца.Најмалку осум деца и нивниот учител загинаа при руски воздушен напад на училиште во сириската провинција Алеп, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Опсерваторијата со седиште во Лондон, наведува дека во Алепо од синоќа се одвиваат интензивни борби помеѓу владините и побуненичките сили, како и зачестени воздушни удари.
Русија покрена низа напади во Сирија кон крајот на септември, чии мети беа положбите на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) и „други терористи“, соопшти официјална Москва.
Според податоците на Опсерваторијата, третина од загинатите во тие напади беа цивили.
Во текот на изминатиот викенд настрадале најмалку 47 лица, а стотина се повредени по воздушни напади на руските воени авиони на подрачјето Марат ал-Нуман, во близина на Идлиб.
Извори од невладините организации изјавија дека руските воени авиони бомбардирале пазар, населени подрачја и еден затвор.
Во таа прилика загинаа 47 лица, а причинета е и голема материјална штета.Најмалку осум деца и нивниот учител загинаа при руски воздушен напад на училиште во сириската провинција Алеп, соопшти Сириската опсерваторија за ч



