Сексуалните напади врз жени во Келн биле добро испланирани?!

Невидените напади врз жени во Келн кои предизвикаа гадење и шок во Германија, но и светот, веројатно беа однапред испланирани и координирани, изјави германскиот министер за правда Хајко Мас во интервју, а пренесува Франс Прес.„Кога таква орда се собира за да го прекрши законот, тоа изгледа одредена форма на добро испланирана акција. Никој не може да ме убеди дека тоа не беше однапред координирано или испланирано“ – изјавил министерот за неделното издание на весникот Билд.
Во новогодишната ноќ, десетици мажи кои се собрале во банди, напаѓале жени во самиот центар на градот Келн, наведувајќи ги сред машка толпа од речиси илјада лица, потсетуваат агенциите.
„Ние треба итно да расчистиме како можело да дојде до такви дејствија“ – нагласува министерот.
Во исто време, тој предупредува дека иако бегалците се осомничени од полицијата за овие напади, не треба да се донесуваат погрешни заклучоци за сите бегалци и мигранти кои пристигнуваат во земјата.
„Според статистичките податоци, стапката на криминал меѓу бегалците е иста како она меѓу германските граѓани“ – забележува Хајко Мас.
Во меѓувреме, бројот на жалби за сексуално малтретирање во Келн продолжува да расте.
Само за еден ден нивниот број е зголемен двојно и тие се веќе 379.
По новогодишната ноќ во Келн, 40% од жените ја избегнуваат појавата на јавни места, раскажува репортажа на Нова ТВ.
Германката Лаура видела го ужасот на централната станица со свои очи. Сигурна е дека чудо ја спасило за да не стане нивна жртва.
„Бевме со неколку мажи. Една група странци многу внимателно нѐ набљудуваа. Мислам дека ако момците не беа со нас, ќе бевме ограбени, ако не и полошо. Имаше силувања, тепања, на некои жени им беше соблечена долната облека, искинати панталоните“ – раскажува Лаура.
Дури и првите туристички патувања за Келн беа откажани дента по новогодишната ноќ.
Туристичките работници се пожалија дека имиџот на градот е сериозно нарушен и тоа неслучајно. Туристите исто така се плашат.
Сепак голем број жени сакаат да живеат како порано, бидејќи веруваат дека лоши луѓе има насекаде.
Во меѓувреме, жалбите од жени и сигналите за насилство во новогодишната ноќ продолжуваат да растат и тоа не само во Келн.„Кога таква орда се собира за да го прекрши законот, тоа изгледа одредена форма на добро испланирана акција. Никој не може да ме убеди дека т

Пронајдете не на следниве мрежи: