Денес членови на здружението за заштита на животни “Анима Мунди“ во кумановската полиција пријавиле дека во поранешната касарна во населбата “Карпош“ има вреќи со мртви кучиња. Од СВР Куманово информираат дека нивна екипа е испратена на терен и дека увидот се уште трае.
Од Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово велат дека веќе биле на местото на настанот и дека има шест мртви кучиња.