Протести во Келн против насилството и бегалците

Полицијата употреби водени топови против учесниците на протестот на десничарски екстремисти, вклучувајќи ги и поддржувачите на антиисламското движење ПЕГИДА.Вчера во Келн се одржаа протести. Протестите беа одржани против насилството врз жените, а воедно имаше и демонстрации „за“ и „против“ бегалците.
Полицијата ја засили контролата врзе поворката на десничарските групи, откако врз силите на редот беа фрлени шишиња и пиротехнички средства, пренесоа светските информативни агенции.
Полицијата ги повика учесниците, од кои некои извикуваа ја повикаа Меркел да поднесе оставка, да се вратат на плоштадот до железничката станица, каде започнал нивниот маршот во Келн.
Откако тие продолжиле да фрлаат шишиња и други предмети, полициските сили за борба со безредието искористи два водени топови. Според податоците на локалните медиуми биле нападнати и новинари.
Претходно вчера се одржа протест против насилството врз жените на Нова година, во кое биле вмешани бегалци, пренесе Франс прес.
Неколку стотици жени се собраа на скалите на катедралата во Келн. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Не значи, НЕ. Ова е нашиот закон. Држете се понастрана од нас“, „Не на насилството врз жените, било во Келн, на фестивалот на пивото или во спалната соба“, „Сакаме повторно да се чувствуваме сигурно“.
– Јас сум тука во име на сите мајки, ќерки, внуки и баби, кои сакаат да се чувствуваат безбедно на улиците, изјави за АФП Мартина Шумекерс, 57-годишна музичарка којашто ја организирала протестната акција.Вчера во Келн се одржаа протести. Протестите беа одржани против насилството врз жените, а воедно имаше и демонстрации „за“ и „про

Пронајдете не на следниве мрежи: