И последните мигранти од камповите во северна Грција се повлекоа 

Последните 60 мигранти кои останаа во кампот во северна Грција, по тридневни судири со полицијата во кои учествуваа повеќе од 1.000 мигранти, ги напуштија своите позиции. Повеќето од нив се од Сирија, Ирак и Авганистан. До судирите со полицијата дојде затоа што мигрантите поверувале во лажните вести на Интернет дека се укинати забраните за патување во централна и северна Европа.
Од 60 мигранти кои последни останаа на своите позиции, неколкумина се уапсени, затоа што немале валидни документи, а останатите тргнале кон мигрантските кампови или станови во Грција.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: