СЕ СПРОВЕДУВА ТАЕН ПЛАН: Да се уништат Сирија и Ирак за да се оформи државата Сунистан!

Каква е врската помеѓу сојузничкото бомбардирање на сириските воени бази во Ајаш и турската инвазија во северниот дел на Ирак?И двете наизглед изолирани случувања, се дел од поширок план за балканизација на Блискиот Исток, зајакнување на влијанието на Вашингтон врз преостанатите ресурси, вовлекување на Русија во скапа и долготрајна војна за да се обезбеди и понатамошно тргување со нафтата во долари.
Американските авиони во неделата ја бомбардираа сириската воена база источно од Рака, убивајќи три сириски војници и ранувајќи уште тринаесет. Инцидентот се случи во селото Ајаш, во провинцијата Палмира.
Портпаролот на Коалицијата, американскиот полковник Стив Ворен го демантираше учеството на САД во смртоносната акција и покрај фактот дека сириската Опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, потврди дека во воздушниот напад е погоден воениот логор. Според опсерваторијата, ова е прв пат во за во нападите на коалицијата којашто ја предводи САД да загинат припадници на сириските владини трупи.
Негирањето на Ворен, што претставува рефлексен одговор од страна на Пентагон на било кое обвинение, сугерира дека нападот бил намерна провокација којашто имала за крајна цел да отпочне одмазда на Русија, која за возврат би ја оправдала зголемената улога на американските војници и оружје во сириската војна. Нејасно е само дали воздушните удари добиле зелено светло од Белата куќа или од отпадничките елементи коишто делуваат самостојно во Пентагон.
Меѓутоа, јасно е дека нападот на сириските војници, на полни 30 милји од одредената цел, бил грешка. Исто така, треба да се напомене дека според анализите, американскиот напад се совпаднал со големата офанзива на ИСИС врз селата Ајаш и Бегелија. Со други зборови, нападот на САД бил поддршка од воздух за копнените операции на терористите.
За помалку од 24 часа после нападите, американските авиони го бомбардирале селото Ал-Кан во североисточна Сирија, убивајќи 26 цивили, вклучувајќи најмалку четири жени и седум деца.
Пораката што ја испраќа американската војска со овие смртоносни напади е дека сака да го контролира воздушниот простор над источна Сирија, кадешто се планира отстранување на терористите на ИСИС и воспоставување на сунитска држава, во рамките со планот за поделба на Сирија и Ирак во помали кантони, со коишто би владееле локалните господари на војната, исламските фанатици и американските марионети.
Многу во врска со тоа е веќе напишано за оваа тема. Неодамна во Њујорк Тајмс, Џон Болтон го сумираше основниот концепт којшто изгледа го поддржува практично целиот политички естаблишмент на САД. Еве и извадок од тој натпис:
„Денешната реалност е дека Ирак и Сирија, коишто претходно ги познававме, исчезнаа. Наместо да настојува да ја реконструира географската карта креирана после Првата светска војна, Вашингтон би требало да препознае нова геополитика. Најдобра алтернатива на Исламската држава на североистокот на Сирија и западот на Ирак е нова, независна сунитска држава…
Овој предлог се разликува од визиите на руско-иранскиот сојуз. Нивната цел е обновување на Ирак и Сирија во некогашните граници, нешто што е фундаментално во спротивност со американските, израелските и интересите на поединечни арапски држави.“
Болтон вели дека новата Сунистан не може да биде Швајцарија.
„Ова не е демократска иницијатива, туку ладна политика на моќта. Сето тоа е во рамките со стратешката цел за бришење на Исламската држава којашто ја споделуваме со нашите сојузници, а тоа е остварливо“, напишал Болтон во натписот „Да ја формираме Сунистан за да ги поразиме ИСИС“.
Неговиот текст е само еден од многуте натписи и политички документи коишто ја поддржуваат поделбата на Ирак и Сирија, како и прекројувањето на мапата на Блискиот исток.

Во овој план, ИСИС, којашто во голема мера е изум на западните разузнавачки агенции и нивните заливски колеги, е клучна компонента во овој вкупен план.
Поставувањето на терористичка организација во епицентарот на подрачјето со светските залихи на нафта, формира причини за мешање во внатрешните работи на другите суверени народи, секогаш кога некој ќе се одлучи на нешто такво.
Ова правило исто така може да се примени на турскиот упад во северен Ирак со околу 900 војници и 20 тенкови. Пред сè, не постои шанса Турција да го отпочнала овој чекор без претходно добивање на одобрение од Вашингтон.
Сите ние знаеме колку насилна беше реакцијата на администрацијата на Обама кога Москва го бранеше Крим после ударите во Киев. Да го споредиме тоа со млакиот одговор на посебниот претседателски претставник, Брет МекГурк, којшто по повод турските акции на Твитер напиша дека САД не поддржува воени мисии во внатрешноста на Ирак во отсуство на согласност на ирачката влада.
Вашингтон на Турција не ѝ наметна санкции, ниту ја нападна нејзината валута или финансиски пазари или пак се заканува со војна. Всушност, Обама не ја ни критикуваше Турција. Тој едноставно погледна на другата страна и потполно го игнорираше тоа прашање. Секако, тоа го разбесни вториот американски сојузник во Багдад, ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади, којшто се закани дека ќе преземе мерки ако турските трупи не си заминат во текот на следните 24 часа.
Уште еднаш, турскиот чекор совршено се вклопува со вкупната стратегија за деконструкција на Сирија и Ирак и нивно распарчување во помали и послаби државички коишто ќе останат во постојана состојба на колонијална зависност во догледна иднина.
Што се однесува до турските исламистички фанатици во Анкара, тие мислат дека е потполно оправдано да се вратат териториите за коишто тие сметаат дека им се украдени после Првата светска војна. Турскиот колумнист Чемил Барлас тоа го сумираше токму вака:
„Во минатото, оваа земја ни припаѓаше нам, имаме право да учествуваме во нејзината судбина. Всушност, во тие региони живеат наши роднини. Ние сме загрижени за тоа што им се случува на нив.“
Според Барлас, Турција има право и на сириските и на ирачките природни ресурси и мисли дека луѓето коишто живеат таму немаат корист од продажбата на нафта бидејќи сè оди во рацете на „диктаторот“.
Турската инвазија на Ирак означува почеток на една долгорочна окупација којашто веројатно ќе се прошири на Мосул. Тоа ќе воспостави контрола на ресурсите и нафтоводните коридори коишто ќе обезбедат нафтата да тече во Турција и во нејзиното јужно пристаниште Чејхан.
Друг турски колумнист, Јавуз Бајдар, во весникот на опозицијата Тудејс Заман, ја обелоденува и стратегијата на Турција:
„Враќањето на Мосул во целост претставува приоритет. Поради ваквата цел очигледно постои приближување на интересите помеѓу Турција, Курдистанската регионална влада и западните сојузници. Клучна фигура тука е Калед Хоџа, лидер на сириската Национална коалиција (SNC) којашто е во тесна соработка со лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани. Тој изјави дека заедничка војска ќе биде оформена во кантонот Западен Курдистан. Креирањето на оваа формација е поддржано од САД и Турција, и таа ќе се состои од околу 5.000 луѓе, главно припадници на групите Ахрар Аш-Шам и Ал-Нусра, и Туркмените. Нејзината појава се поврзува со одлуките на недамнешниот состанок во Ријад, каде Саудијците работеле на организирање на нов сојуз на сириски опозициони сили.“
По сè изгледа дека е постигнат договор помеѓу Турција, Курдистанската регионална влада и САД, да се искористат делови од северен Ирак и источна Сирија, поради создавање на сунитски држави коишто заеднички ќе ги контролираат Анкара и Вашингтон.
Значи, желбата да се отстрани Асад е привремено ставена во втор план, додека одлучноста да се уништи Сирија е силна, како и секогаш.И двете наизглед изолирани случувања, се дел од поширок план за балканизација на Блискиот Исток, зајакнување на влијанието на Вашингтон врз преоста

Пронајдете не на следниве мрежи: