Фидел Кастро: Русија и Кина го чуваат светскиот мир, додека САД…

Лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро, уверен е дека Русија и Кина се земјите кои ќе направат сѐ што е можно за да го зачувуваат мирот на планетата.„Не се сомневам дека тие (Народна Република Кина и Руската Федерација) ќе преземаат максимални напори за да се избегне војната и да придонесат за мирниот развој на Венецуела, Латинска Америка, Азија и Африка“, пишува Кастро во напис, адресиран до венецуелскиот лидер Николас Мадуро кој е објавен во весникот Гранма.
Според поранешниот шеф на кубанската држава, во моментов „во светот нема безбедност за никого“.
„Има девет земји кои располагаат со нуклеарно оружје, една од нив е САД – фрлија две бомби кои убија стотици илјади луѓе и за само три дена и предизвикаа физичка и психолошки штета на милиони беспомошни луѓе”, нагласува тој.
Кастро е уверен дека Кина и Русија ги разбираат светските проблеми подобро од Америка.
„Тие имаат искуство од ужасните војни наметнати од слепата себичност на фашизмот“, забележува тој.
Односите помеѓу Куба и Венецуела се сѐ подобри во последните неколку години, па Каракас ѝ продава на Хавана нафта по поволна цена и вложува во кубанската нафтена индустрија, додека Куба за возврат му помага на венецуелското здравство со тоа што праќа свои лекари на испомош.„Не се сомневам дека тие (Народна Република Кина и Руската Федерација) ќе преземаат максимални напори за да се избегне војната и да придонеса

Пронајдете не на следниве мрежи: