Вчера попладне цистерна на OILCO полна со нафтени деривати се преврте кај Неготино, објави “1“ТВ.
Возачот, за среќа, не е повреден – изјавил за “1“ТВ колега на возачот во телефонски разговор. Тој додал дека, најверојатно, причината е замор на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал вчера во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш тргнал кон Скопје.
Возачот за “1“ТВ кажал дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон.