Носачот на авиони на американската морнарица “Хари С.Труман” утринава вплови во Брачкиот канал и се укотви на околу два километри од градското пристаниште, каде ќе остане до 9 Декември, јавува ХИНА.Американскиот брод има носивост од 85 авиони и 20 хеликоптери, долг е 333 метри и посада од 4.992 члена, а како што е најавено, во попладневните часови ќе биде организирана и посета на новинари на бродот.
Носачот на авиони “Хари С.Труман” во составот на американската Шеста флота со седиште во Наполи, Италија, која управува и учествува во низа здружени поморски операции, најчесто со сојузниците од Европа и Африка.
Министерството за одбрана на Хрватска оцени дека посетата на носачот на авиони ги потврдува блиските односи на Хрватска со САД, како сериозни партнери кои заедно работат на воспоставување и одржување на сигруноста и просперитетот.
Во Сплитското пристаниште во 2006 година, вплови носачот на авиони “Ентерпрајз”, а тој бил посетуван и од носачите на авиони “Саратога” во април 1976 година и “Америка” во 1979 година.Американскиот брод има носивост од 85 авиони и 20 хеликоптери, долг е 333 метри и посада од 4.992 члена, а како што е најавено, во попладневните ча



